И покрај тоа што церемонијата е одложена поради пандемијата, првата награда за дестинација за патување и припадна на РС Македонија. “Златна награда за дестинација за патување” (Golden Travel Destination Award) е резултат на гласање спроведено од страна холандските туристи коишто имаа задача да ја оценат нивната посета во странска земја којашто ја посетиле и воедно да потенцираат што е тоа што најмногу им се допаднало.
Највисоко е оценета локацијата на државава со 8.2 поени, рестораните со 8.1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7.9, додека локалитетите со 7.8.




