27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВучиќ: Кој стои зад критиките за вакцината на АстраЗенека?

Вучиќ: Кој стои зад критиките за вакцината на АстраЗенека?

Зад критиките за вакцината АстраЗенека стои активноста на фармацевтското лоби и ниската цена по која се продава вакцината, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Она што го купивме за 12, 13 и 14 долари сега е 20 долари. AstraZeneca е евтина, бидејќи е направена од страна на Оксфорд за да се сподели со човештвото и чини пет долари. А станува збор за милијарди дози. Од таа причина сега се водат медиумски војни и тие велат дека таа е лоша вакцина. И истата остава добри антитела“, изјави Вучиќ при посетата на Институтот за вирусологија и серуми Торлак кога ги предаде вакцините од „АстраЗенека“ за Република Српска.

Тој рече дека не знае која е состојката на која било вакцина и дека му е доволно да слушне од докторот дека има се што треба во истата.

„Германија најпрво одлучи дека не можат да примат вакцина АстраЗенека постарите од 65 години, а сега не можат да примат вакцина на возраст под 60 години. „Замислете да донесевме такви контрадикторни одлуки, ќе не обесеа на оџаков тука“, рече тој.

Вучиќ рече дека Србија требало да прими повеќе од тие вакцини преку програмата ковакс, но дека сега им велат дека не им се потребни затоа што имале вакцини.

„Па што ако имаме, не ни ги дадовте вие вакцините. Дали сега треба да го казниме оној што беше паметен и способен да набави вакцини? „Да казниме некој што е добар студент“, праша тој.

„Денес надминат бројот од 3 милиони дози на примени вакцини во Србија“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е надминат бројот на три милиони дози примени вакцини денес, 1,8 милиони прва доза, над 1,2 милиони граѓани се ревакцинирани и дека 1,8 милиони граѓани ќе бидат повторно вакцинирани за две недели.

„Ќе можеме да набавиме значителен број дози на вакцини до крајот на април. Други 211.000 вакцини Фајзер ќе пристигнат во понеделник, вчера добивме уште 50 000 вакцини од руската вакцина, очекувам уште 50.000 утре и уште 100 000 дози на почетокот на следната недела. Чекаме уште 500.000 кинески вакцини пред крајот на месецот“, рече Вучиќ за време на посетата.

Како што изјави, тој е среќен што денес може да достави уште 10.000 дози вакцини на Претседателот на Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ, што значи вкупно 20.000 дози  вакцини на Република Српска од АстраЗенека.

Вучиќ рече дека верува дека ќе може да започне со производство на кинески и руски вакцини во Србија за неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП