20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочина најголемиот финансиски измамник во историјата на САД

Почина најголемиот финансиски измамник во историјата на САД

82-годишниот Берни Мадоф страдал од хронична бубрежна слабост и уште неколку други болести.

Брокерот отслужи 11 години од вкупно 150 години затвор што ги доби во 2009 година, откако се изјасни за виновен по 11 точки од обвинението, вклучувајќи перење пари и измама.

Финансиерот ги оштети инвеститорите за околу 65 милијарди долари во најголемата финансиска измама во историјата на САД.

Роден во скромно семејство во градот Њујорк, Мадоф го изгради своето богатство на пирамидалната, таканаречена Понзи шема, која започна да се распаѓа во 2008 година, кога се појави финансиската криза и инвеститорите побараа да им ги врати парите.

Жртви на неговите измами биле поединци, фондации, пензиски фондови и инвестициски фондови. Меѓу нив се актерите Кевин Бејкон, Кира Сеџвик и Џон Малкович, славниот кошаркар Сенди Куфакс и Фондацијата на Стивен Спилберг.

Некои жртви го изгубија целиот свој имот, вклучително и членови на еврејската заедница кои го сметаа за голем филантроп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП