19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈа нарекуваат кралица на лековитите билки

Ја нарекуваат кралица на лековитите билки

Оваа неверојатна билка има толку многу лековити својства што ниту една друга не може ниту да и се доближи. Дознајте што се лекува…

Алое вера е позната и како еликсир на младоста и кралица на лековитите билки, поради своите неверојатни лековити својства.

Тоа е билка слична на кактусот, со висина од околу 60 сантиметри, со дебели месести листови, која поради својот опстанок развила богата содржина на витамини, аминокиселини, ензими и минерали.

Во светот се познати повеќе од 250 видови на алое вера, а четири од нив имаат лековити својства. Природно расте само во подрачја со топла и влажна клима.

Билката алое вера содржи повеќе од 240 активни состојки, а помеѓу нив се – витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, Ц и Е, фолна киселина, магнезиум, цинк, манган, калиум и железо.

Исто така има и против-воспалително, антибактериско, антивирусно и лаксативно делување.

Се користи во облик на сок, чај или во облик на различни креми за локална примена. Таа исто така ја неутрализира зголемената желудечна киселина, ја нормализира pH вредноста на столицата, ја подобрува работата на црниот дроб, го зајакнува срцевиот мускул и ги ублажува симптомите на астма и алергии.

aloe-vera-1-evolutionezineDOTnet

Одлично ја навлажнува и подмладува кожата и го забрзува зацелувањето на раните. Извонредна е за сува, чувствителна и оштетена кожа, а го ублажува и отстранувањето на старечките пеги по рацете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП