6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите сто работодавци во Романија за време на кризата отпуштиле 36.000 лица

Најголемите сто работодавци во Романија за време на кризата отпуштиле 36.000 лица

romanija1

Најголемите сто работодавци во Романија, кои заедно имаат 520.000 вработени, што е околу 12 проценти од вкупниот број вработени во земјата, соопштуваат дека го намалиле персоналот за 36.000 лица во периодот 2008-2012 година, пишува денеска весникот „Зиарул финансиар“, повикувајќи се на информации од Трговскиот регистар.

Во 2012 година, сепак е забележан позитивен тренд со регистрирани 1.000 нови вработувања, во однос на претходната 2011 година.

Најголемо намалување на работна сила имало во државните компании Романска државна железница и Романска пошта.

Во 2008 година во Романска пошта работеле над 35.000 лица, а во 2012 година нивниот број изнесува малку над 31.000 вработени. Во државните железници бројот на вработени е намален за 4.705 лица, од 27.610 на 22.905 луѓе.

Кауфланд вработил најмногу службеници за време на кризата, над 4.000 нови вработени.

Производителите на автомобили во Романија во периодот на кризата, исто така, вработиле повеќе лица, отколку пред кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП