25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропол: Дрогата во ЕУ е „омилен“ бизнис, а се повеќе има насилство

Европол: Дрогата во ЕУ е „омилен“ бизнис, а се повеќе има насилство

Најголемите закани за граѓаните на Европската унија (ЕУ) во рамките на организираниот криминал се активности во трговија со дрога, луѓе, мигранти, како и измама преку интернет, се вели во извештајот на Европската полициска служба (Европол).

Во извештајот за опасноста од сериозен и организиран криминал во ЕУ (SOCTA), кој се објавува од Европол на секои четири години, се вели дека скоро 40% од криминалните мрежи се активни во производство и трговија со дрога и дека тоа е сè уште најголема криминална активност во ЕУ.

Трговија со луѓе и експлоатација на луѓе, криумчарење мигранти, онлајн и други измами, како и имотен криминал, претставуваат значителни закани за граѓаните на ЕУ, се вели во извештајот, додавајќи дека криминалците „перат“ милијарди евра годишно.

Документот додава дека криминалците вклучени во сериозен и организиран криминал се повеќе преоѓаат кон насилство. Заканата од насилни инциденти се зголеми со честата употреба на огнено оружје или експлозиви, се додава во извештајот.

SOCTA 2021 детално ја опиша работата на криминалните мрежи во ЕУ и како нивните криминални активности и деловни практики се закануваат да ги поткопаат општествата, економијата и институциите и да го нарушат владеењето на правото.

Документот предупредува и на потенцијалните долгорочни импликации на пандемијата на коронавирус и како тие можат да создадат идеални услови за напредок на криминалот во иднина.

На крајот на минатата година, Интерпол предупреди на можно драматично зголемување на бројот на кривични дела поврзани со криминални активности во светло на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП