2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден месец за „Норвеџиан“

Рекорден месец за „Норвеџиан“

norvegian

Преку 2,1 милиони патници летале со нискобуџетната авиокомпанија „Норвеџиан“ во текот на јули годинава, покажува најновиот месечен извештај на компанијата, која прв пат оствари месечен резултат со повеќе од два милиони патници на своите воздушни линии.

Како што јави дописникот на МИА, споредено со истиот период лани, бројот на патниците кои ги користеле услугите на „Норвеџиан“ пораснал за 17 отсто.

Но, така наречениот кабински фактор, кој покажува колку добро биле пополнети авионите на компанијата во текот на месецот, се намалил за еден процент и во јули изнесувал 86 проценти.

„Мошне сум задоволен со нашите резултати за јули. Продолжуваме со добри бројки на нашите етаблирани пазари, но пред се развојот е позитивен во однос на новите европски дестинации и прекуокеанските летови“, наведе генералниот директор на „Норвеџиан“, Бјорн Кјос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП