Вредноста на најпопуларната криптовалута е скоро тројно зголемена од октомври 2020 година, како резултат на зголемената прифатеност на дигиталните средства од страна на инвестициските банки и фондовите, како форма на инвестирање во ризични средства со висок принос, особено во време на ниски каматни стапки.
Покрај тоа, одредени форми на блокчејн платформи, првенствено “етереум”, сè повеќе се користат за децентрализирани проекти за финансирање, кои сè повеќе стапуваат во употреба од официјалните меѓународни институции. Растот на биткоин и етереум обично се случува паралелно, додека преостанатите неколку илјади крипто-валути во оптек, ги менуваат своите трендови во согласност со моменталната популарност.

