5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јули поднесени четири кривични пријави за царински прекршоци

Во јули поднесени четири кривични пријави за царински прекршоци

car1

– Царинската управа на Република Македонија во текот на минатиот месец до надлежните јавни обвинителства поднесе четири кривични пријави против едно правно и шест физички лица поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „царинска измама“, „криумчарење“, „фалсификување исправа“ и „поднесување лажни докази“.

Кривична пријава за царинска измама е поднесена против правно лице – регистриран трговец на електрична енергија од Скопје и неговите три одговорни лица – странски државјани, зашто во текот на 2011 и 2012 година не ја исполниле законската обврска за увозно царинење и плаќање на увозните давачки со намера да избегнат целосно плаќање на царински и други давачки во износ од 65,8 милиони денари.

Случајот, како што информираат од Царинската управа, е откриен при контрола на сметководството на правното лице кога е утврдено дека во периодот од мај 2011 до мај 2012 година, правното лице нема поднесено увозни царински декларации и не ги платило давачките за увезената 111.926 мегават часови електрична енергија во вкупна вредност од околу шест милиони евра.

Кривична пријава за криумчарење е поднесена против македонски државјанин, за обид да пренесе околу 450 грама непријавен златен накит, набавен од САД и 17 парчиња бижутерија во вредност од околу 610 илјади денари.

Накитот е пронајден при претрес во багажникот од возилото под тапацирот во фабричка шуплина, скриен во женска чанта. Покрај накитот во багажниот простор се пронајдени и 230 парчиња текстилни производи.

Кривична пријава за криумчарење е поднесена и против американски државјанин, за обид да пренесе околу 300 грама непријавен златен накит во вредност од околу 330 илјади денари.

Накиотот е пронајден кај пријавениот на 9 јули годинава, кој како патник во автобус од Истанбул се пријавил за влез во Македонија на граничниот премин Богородица.

Кривична пријава за фалсификување исправа и поднесување лажни докази е поднесена против македонски државјанин зашто при увозно царинење на употребувано патничко моторно возило поднел фалсификуван купопродажен договор со изјава за потекло потпишана од странски продавач, со цел да му биде одобрен преференцијален тарифен третман, односно увозно царинење со царинска стапка слободно.

Царинската управа се обрати до царинска служба на Сојузна Република Германија, со барање за верификација на приложениот договор, а од таму е доставен одговор дека извозникот нема ниту издадено ниту потпишано таков договор, односно дека е фалсификат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП