24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО бара да се забрани продажбата на диви животни на пазарите

СЗО бара да се забрани продажбата на диви животни на пазарите

Светската здравствена организација повика да се забрани продажбата на живи диви животни на пазарите за да се запре ширењето на коронавирусот.

„Животните, особено дивите животни, се извор на повеќе од 70 проценти од сите нови заразни болести кај луѓето, од кои повеќето се предизвикани од нови вируси“, се наведува во соопштението.

Дивите цицачи се особено опасни и претставуваат најголем ризик од зараза, се додава во соопштението.

Апелот на СЗО следуваше по заедничката студија на СЗО и Кина за потеклото на Ковид-19, објавена во извештај минатиот месец, во кој се наведува дека пазарот на кој се продаваат и живи и мртви животни е веројатно изворот на пандемијата.

Минатата година СЗО истакна дека смета дека „мокрите пазари“ не треба да се затвораат, и покрај ризикот од инфекција. Тие посочија дека треба да се подобрат условите на мокрите пазари, но дека таквите пазари не треба да се затвораат.

Инаку, од самиот почеток се веруваше дека коронавирусот започна да се шири од „мокриот пазар“ во кинескиот град Вухан.

На почетокот на пандемијата, СЗО се фокусираше на мокрите пазари како веројатен извор на пандемија по посетата на нејзините експерти на Вухан, каде, врз основа на податоците што им ги дадоа Кинезите, ја исклучија можноста вирусот да „избегал“ од лабораторијата.

Заедничката студија за потеклото на Ковид-19 вели дека пренесувањето на вирусот од лилјаци на луѓе преку друго животно е најверојатното сценарио за развој на болеста и дека пропуст во лабораторијата е малку веројатна причина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП