2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдложен првиот лет на првиот кинески патнички авион

Одложен првиот лет на првиот кинески патнички авион

kina avion

Првиот лет на првиот кинески авион со капацитет 168 патници беше закажан за 2014-та година, но според Стопанската авионска корпорација на Кина (COMAC) тој ќе биде пролонгиран.

Тоа веројатно ќе го одложи и ставањето во функција на овие авиони, што беше предвидено да се случи во 2016-та година, па така најверојатно е тоа да се случи во 2018-та или 2019-та година.

Всушност еден од проблемите е тоа што на авиокомпаниите во Кина и странство ќе им биде потребен период меѓу две и три години, за да бидат сертифицирани новите машини како погодни за летање според меѓународните стандарди. На крајот на 2012-та година 15 компании, повеќето кинески, изразија подготвеност да купат 380 примероци од овој вид машини.

Бурниот економски развој на Кина вроди со голема побарувачка на авиони, бидејќи зголемените приходи на населението го стимулираат растот на авиосообраќајот. Според проценките на „Bieing“ во наредните две децении Кина ќе има потреба од нови 5.260 патнички авиони.

Со овие машини кинезите се надеваат дека ќе ги предизвикаат авиогиганти како „Airbus“ и „Bieing“. Од „COMAC“ велат дека авионите ќе имаат „кинески карактеристики“, но за клучните елементи, вклучувајќи ги моторите, ќе се потпираат на туѓа технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП