19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова студија: Британскиот сој не предизвикува потешки форми на ковид

Нова студија: Британскиот сој не предизвикува потешки форми на ковид

Британскиот вид на коронавирус не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои нужно бараат хоспитализација или завршуваат со смрт, се наведува во студијата објавена во медицинското списание Лансет.

Станува збор за многу заразен вид на корона, кој за прв пат беше откриен во Велика Британија, наречен Б.1.1.7, и кој целосно ја презеде доминацијата и кај нас.

Студијата вклучува 496 ковид пациенти, кои биле примени во британските болници во ноември и декември минатата година, а нивната состојба била анализирана во компаративна студија со пациенти со други варијанти на корона.

Истражувачите не забележале разлика во ризикот од сериозни болести, смрт или други клинички исходи кај пациенти со Б.1.1.7 и оние со други варијанти, пренесува Ројтерс.

„Нашите податоци, во контекст и со ограничувањата на реалната студија, даваат првично верување дека сериозноста на состојбата на хоспитализирани пациенти со Б.1.1.7 не се разликува значително од оние со други варијанти“, наведено е во студијата.

Друга студија објавена во медицинското списание „The Lancet Public Health“ открива дека вакцините најверојатно ќе бидат ефикасни против британската варијанта бидејќи нема зголемување на стапката на повторна инфекција во споредба со другите видови.

Според британските научници, Б.1.1.7 бил околу 40% -70% повеќе пренослив од претходно доминантните соеви.

Инфекцијата се пренесува многу побрзо, бидејќи вирусот се промени така што може полесно да се поврзе со клетките во кои може да се размножува, а тоа се првенствено клетките на респираторниот тракт. Концентрацијата на вирусот во секретите и екскрециите е многу поголема, така што можноста за инфекција е поголема. „Некои математички модели покажуваат дека пренесувањето на овој британски вид е 70 проценти повисоко од претходната варијанта, која беше доминантна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП