8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ добива 200 милиони вакцини кај кои не е потребна втора доза

ЕУ добива 200 милиони вакцини кај кои не е потребна втора доза

Фармацевтската компанија “Џонсон и Џонсон” започна со испорака на вакцини против коронавирус во земјите од Европската унија.

Портпаролот на компанијата изјави дека целта во 2021 година е да се испорача 200 милиони дози вакцини во ЕУ, Норвешка и Исланд.

“Џонсон и Џонсон” развија вакцина која се дава во единечна доза – без потреба од ревакцинација.

„Првите дози ги напуштаат магацините“, рече портпаролот на Европската комисија на прес-конференцијата. Информацијата ја потврди Питер Лиси, еден од германските претставници во ЕУ од редовите на ЦДУ – партијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

“До неодамна беше нејасно дали планот ќе се исполни. Сепак, испораката на 50 милиони дози на вакцините е сигурна во вториот квартал”, рече Лиси, истакнувајќи дека тој добил такви информации од компанијата и Европската комисија, која ги координира разговорите со производителите на вакцини.

Американската компанија се обврза да испорача 55 милиони дози на ЕУ до крајот на јуни и уште 120 милиони во текот на последните четири месеци од 2021 година, изјави претходно европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон.

“Џонсон и Џонсон” објавија дека започнале испораки во земјите на ЕУ, Норвешка и Исланд, но не сакаа да зборуваат за залихите за април и вториот квартал од 2021 година.

Тие прецизираа дека целта е да се испорачаат 200 милиони дози вакцини во 2021 година.

Испораката првично требаше да започне на почетокот на април, но се одложи заради производните предизвици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП