25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО: Пандемијата достигна критична точка

СЗО: Пандемијата достигна критична точка

Пандемијата на коронавирусот достигна критична точка со експоненцијалниот раст на бројот на заразени лица, но со докажани ефективни мерки за јавно здравје, може да се стави под контрола, објави Светската здравствена организација (СЗО).

„Пандемијата достигна критична точка. Таа е во полн ек и експоненцијално расте. Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме за 16 месеци по избувнувањето на пандемијата, особено кога имаме предвид дека имаме ефективни мерки за контрола“, рече техничкиот директор на СЗО за борба против ковид-19, Марија ван Керхове.

Таа предупреди дека бројот на заразени лица во светот се зголемил за девет проценти минатата недела, а бројот на смртни случаи за пет проценти.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека сите сакаат да ги отворат општествата и економиите, но дека ќе биде потребно многу време за да се надмине пандемијата.

„Ние исто така би сакале да се отворат компаниите и економиите, трговијата да заживее и да се патува повторно. Но, во моментов во многу земји, единиците за интензивна нега се преплавени со пациенти и луѓето умираат. И сето тоа може да се избегне“, рече Тедрос.

„Ќе биде потребно долго време да се стави крај на пандемијата, но имаме причини за оптимизам“, додаде тој, потсетувајќи дека падот на инфекциите и смртните случаи во првите два месеци од оваа година покажува дека можеме да го запреме коронавирусот и неговите варијанти.

Конфузија меѓу луѓето, вакцините се клучни

Сепак, тој продолжи, збунетоста, заплетканоста и недоследноста во примената на мерките за јавно здравје го зафатија светот, и тоа е главната причина за значително ширење на инфекцијата повторно.

Во некои земји, истакна шефот на СЗО, и покрај фактот дека инфекцијата сè уште се шири немирно, рестораните, ноќните клубови и трговските центри се отворени и полни, а само мал број луѓе ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Тој посочи дека најголем број новозаболени лица се од Азија и од Блискиот исток.

Тој повтори дека вакцините се „клучно и моќно“ оружје во борбата против ковид-19. Досега се администрирани 780 милиони дози вакцини ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП