27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпасен феномен: Словенци намерно се инфицираат од бизарна причина

Опасен феномен: Словенци намерно се инфицираат од бизарна причина

Во Словенија се загрижени за опасната појава на намерна инфекција со коронавирус, со цел полесно движење и патување, бидејќи се третира прележување на ковид-19, како и имунитет стекнат со вакцината.

„Забележуваме тренд на зголемување на бројот на оние што сакаат да се заразат што е можно поскоро, со цел да добијат сертификат што ќе им овозможи патување и преминување на границите, што е опасна практика што не можеме да ја препорачаме“, рече епидемиологот Матеја Логар.

Како што пренесува Хина, таа посочила дека поради тоа, како и поради неколку евидентирани случаи на „измама“ на тестови за коронавирус, се разгледуваат ограничувања, односно измени во правилата за патување.

Таа изјави дека, меѓу другото, размислуваат да ги отстранат оние што прележале ковид-19 од списокот на исклучоци од тестирање при преминување на границата, но само во фаза кога вакцината е доволна за имунизација на поголем дел од популацијата.

Специјалистот за заразни болести Томаж Зовко, од Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, предупреди и на опасноста од намерно изложување на коронавирусот.

„Сè уште не знаеме многу за оваа болест. Тоа е непредвидливо и може да има трајни последици. Не знаеме точно какви долгорочни последици има оваа болест, особено кај помладите пациенти“, предупреди тој.

Тој посочи дека е неспоредливо побезбедно да се спречи инфекција и болест и да се вакцинираат, отколку да се разболат и да се смета дека имунитетот е стекнат на тој начин. Покрај тоа, сите кои намерно се инфицираат во контакт со други, ризикуваат потежок тек на болеста, предупреди Зовко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП