27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлагодарение на вакцината против корона, наскоро ќе добиеме вакцини за рак и...

Благодарение на вакцината против корона, наскоро ќе добиеме вакцини за рак и ХИВ?

Научниците ширум светот на големо истражуваат дали технологијата mRNA, врз која се темелат одредени вакцини против коронавирус, може да се примени за лекување на други опасни болести како што се рак и ХИВ, пишува американскиот портал Инсајдер.

Имено, истражувачите на вакцини ја проучуваат оваа технологија веќе 25 години, но глобалната пандемија на коронавирусот го забрза овој процес и овозможи да се создаде првата ваква вакцина.

Бројни клинички студии за ефикасноста на вакцините против коронавирус, засновани на технологијата mRNA, покажаа одлични резултати, а тоа подоцна беше потврдено со масовна имунизација на милиони луѓе ширум светот, па истражувачите сега испитуваат на кои други болести може да се примени оваа технологија.

Научниците од Универзитетот во Тексас, од „Центарот за рак Андерсон“, во моментов се подготвуваат да ја проучат mRNA технологијата за третман на рак. Тие веруваат дека mRNA технологијата може да се искористи за да се спречи повторување на ракот, изјави д-р Ван Морис, онколог кој го водеше клиничкото испитување.

Веројатноста за повторување на ракот варира во зависност од видот на карциномот, а најчестото повторување се јавува кај карциноми на јајници, мочен меур и глиобластом. Повторувањето се јавува кога мали количини на клетки на рак остануваат во телото по третманот, се размножуваат и во некои случаи се преселуваат во други делови од телото.

Во студијата, која моментално е во втора фаза, лекарите тестираат пациенти со карцином на кои им биле отстранети тумори и кои биле подложени на хемотерапија. Откако анализите покажаа дека клетките на ракот сè уште циркулираат во телото, истражувачите создаваат персонализирани mRNА коктели.

„Се надеваме дека со персонализирана вакцина, ќе го подготвиме имунолошкиот систем да започне потрага по преостанатите клетки на туморот, ќе ги исчистиме и со тоа ќе го излечиме пациентот“, рече Морис.

Научниците од универзитетот Скрипс во Калифорнија, од друга страна, проучуваат како mRNA вакцината може да се користи за лекување на ХИВ, сексуално пренослива инфекција, која зафаќа 1,2 милиони луѓе ширум светот.

„Вакцината против коронавирусот работи така што се врзува за шилестите протеини од коронавирусот и ги убива, а научниците веруваат дека вакцината против ХИВ може да го стори истото со честичките на ХИВ“, рече Вилијам Скиф, имунолог од Универзитетот Скрипс, кој работеше на развојот на ХИВ вакцини за прва фаза тестирање “.

Од појавата на вакцината за коронавирус, истражувачите се свртеа кон проучување на оваа технологија во третманот на некои други болести за кои тие предвидуваат дека ќе станат значителни закани во следните години.

Научниците од Универзитетот во Оксфорд, кои соработуваа со „Астразенека“ за развој на една од вакцините против ковид, во моментов работат на вакцина за третман на сексуално пренослива гонореја, објави претходно Инсајдер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП