1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрашни бројки: Еве колку луѓе починаа од инфекција со коронавирус во светот...

Страшни бројки: Еве колку луѓе починаа од инфекција со коронавирус во светот и која земја го држи првото место

Во споредба по континенти, од почетокот на пандемијата има скоро милион смртни случаи во Европа.

Во светски рамки, од коронавирус починале 2.938.200 лица, а почетокот на појава на вирусот кон крајот на 2019 година, според информациите на Универзитетската болница Џон Хопкинс, биле заразени 136.136.954 лица.

Голем дел од пациентите се опоравуват, но некои пациенти, а проценките за точниот број не се познати, имаат симптоми со недели или месеци, пренесува Франспрес врз основа на податоците собрани од дневните извештаи на санитарните власти на одделни земји.

Само во неделата, имало 7.993 нови смртни случаи ширум светот и 601.284 потврдени нови инфекции.

Земјите кои потврдија најголем број на смртни случаи беа Бразил: 1803 смртни случаи, Индија 904 и Италија 331.

Соединетите Држави сè уште го држат несреќното прво место во однос на смртните случаи: 562.066 смртни случаи на 31.197.872 заразени, според Џон Хопкинс.

Индија во понеделникот објави рекордни 168.912 случаи на инфекција со коронавирус, што е најголем дневен број во светот, додека расте загриженоста за ширење на инфекцијата со стотици илјади верници кои одат кон ритуално капење во реката Ганг.

Во однос на смртните случаи, Бразил е зад Соединетите Држави со 353.137 смртни случаи и 13.482.023 случаи, следна е Мексико со 209.338 смртни случаи и 2.280.213 случаи на инфекција.

Индија со скоро 170.000 смртни случаи и 13.527.717 заразени е трета, а Велика Британија е четврта со 127.087 смртни случаи и 4.369.775 заразени.

Меѓу најтешко погодените земји е Чешка со најголем број смртни случаи по глава на жител: 261 смртни случаи на 100.000 жители.

Следува Унгарија со 242 смртни случаи на 100.000 жители, потоа Босна и Херцеговина со 222, Црна Гора со 219 и Бугарија со 207 смртни случаи на 100.000 жители.

Европа е континент со најмногу смртни случаи од заразени со ковид

Од континентите, во Европа има скоро милион смртни случаи од почетокот на пандемијата, поточно 998.343 смртни случаи на 46.419.142 заразени.

На второ место се Латинска Америка и Карибите со 832.423 смртни случаи, потоа следат САД и Канада со 585 379 смртни случаи, Азија со 285 594 смртни случаи, Средниот исток со 118.899 смртни случаи, Африка со 115.712 смртни случаи и Океанија 1,005 смртни случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП