1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБорисов: Цената на вакцината на „Фајзер“ скокна од 12 на 19,5 евра

Борисов: Цената на вакцината на „Фајзер“ скокна од 12 на 19,5 евра

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во неделата откри дека цената на вакцината на „Фајзер“/ „Бионтек“ против коронавирус скокнала од 12 на 19,5 евра.

Тој тоа го откри во неделата за време на обиколката на работите за изградба на спортски центар во Тополово, пренесува бриселски „Еурактив“.

„Цените на вакцините растат. Трговската војна е факт. Една вакцина на „Фајзер“ чинеше 12, а сега е 15,50 евра. Европската Унија е во процес на потпишување договор за 900 милиони вакцини за 2022-2023 година, но овој пат цената е 19,50. Тоа ќе чини околу 800 милијарди евра“, рече Борисов, пренесува БТА.

Зборувајќи за Бугарија, тој рече дека 2,7 милиони вакцини на „Фајзер“ се очекува да пристигнат во април и мај, најдоцна до средината на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП