Менаџерите поминуваат 95 проценти од своето работно време во размислување, додека во просек 5 проценти од своето време го посветуваат на чувствата. Тие тврдат дека знаат што е емоционална интелигенција, но во пракса ретко прават напори за понатамошно развивање на истата, со себе и со своите соработници, и со тоа да ја искористат во целост.
Тие генерално очекуваат членовите на нивниот тим да бидат врвни изведувачи со леснотија, совршено мотивирани и секогаш расположени. Во исто време, тие често одат низ ходниците на деловната зграда видливо вознемирени (или лути) поради состанок, ненадејна промена или се што им се случило тој ден.
Сите сме свесни за катастрофите што нè снајдоа поради пандемијата со коронавирусот. Она што многумина сè уште не го гледаат се долгорочните последици од емоционалната зараза што се шири на деловните простори (реални или дигитални) ширум светот. Кога некој на отворен простор или состанок на зум ќе започне да се смее толку сочно, што сите ќе започнат да се насмевнуваат без да знаат за што станува збор. Или, кога некој постојано шири негативно расположение, па другите се чувствуваат уште потешко и помачно.
Верувајте, секој од нас е потенцијален пренесувач на добри или лоши емоции. Обрнете внимание на тоа како, како водачи и како индивидуи, влијаете на целокупната емоционална клима во која работите.
Ако очекувате од вработените да направат клиентите да се чувствуваат посебно, исклучително е важно да обрнете внимание на тоа како правите вие да се чуствуваат вработените. Ако сакате вработените да бидат креативни и иновативни (а тие не се во моментот), започнете со проверка каква атмосфера негувате во тимот и компанијата. Бидејќи, знаејќи ја невронауката на емоциите, знаеме дека климата на страв ги стеснува менталните потенцијали и го ограничува креативното размислување.
И, за крај, неколку упатства од психолог, кој својата работа ја темели на моделот на емоционална интелигенција на Генос:
- Не избегнувајте изразување емоции, тие не се менаџерска слабост.
- Научете како да управувате со сопствените и туѓите емоции и посветете се на нивното согледување.
- Бидете автентични, но изразете ги своите емоции во согласност со ситуацијата.
- Бидете пример за вашите колеги и водете предизвикувачки разговори.
- Кога донесувате одлуки, размислете за емотивните информации, на пр. како ќе се чувствуваат засегнатите страни погодени од одлуката.