2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ги одложите емоциите на работа?

Како да ги одложите емоциите на работа?

emocii2

Постојат одредени ситуации на работа кога ни е многу тешко да ја задржиме смиреноста и да ги спречиме солзите да не им откријат на „непријателите“ како навистина се чувствуваме.

Сепак, постојат неколку совети кои можат да ни помогнат барем да ги одложиме.

Плачењето не е знак на слабост

Доколку верувате во ова, тогаш не се извинувајте кога ќе станете емотивни. Покажувајќи на некого колку сте страствени, автоматски ви се враќа дел од контролата.

Не размислувајте за себе

За да се борите против тоа грозно чувство кога ќе почнат солзите да навираат, длабоко вдишете и обидете се да се концентрирате на фактите поврзани за ситуацијата во која се наоѓате, а не на сопствените чувства.

Фокусирајте се на зборовите, не на солзите

Ако се припремате за соочување со некого, фокусирајте се на тоа што сакате да го кажете, бидејќи тоа ќе ви даде чувство на контрола.

Исплачете се слободно, но потоа

Ако тоа ви помага полесно да го пребродите сето лошо што ви се случило тој ден на работа, само замислувајте си како ќе се исплачете кога ќе дојдете дома.

Непријатна средба

Доколку знаете дека ќе сретнете некого кого не сакате да го видите, „држете се“ до краток и едноставен разговор. Бидете свесни за што зборувате и ако почуствувате дека ве обземаат емоциите, одете до тоалетот за да се средите. Тоа чувство, главно, им е познато на жените при првата средба со бившиот за кого, и тоа како, се емотивно врзани, а не е невозможно тоа да се случи токму на работното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП