29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault се откажува од моделот Twingo RS?

Renault се откажува од моделот Twingo RS?

twingo rs

Францускиот производител се откажува од производството на моделот„ RenaultSport Twingo 133“ кој воедно ќе биде и последниот „RS“ автомобил со атмосферски мотор. Како што објавуваат одредени медиуми ова би можело да биде крај за „RS“ моделите со атмосферски агрегати, па така и за „Twingo RS“ чија трета генерација се очекува во 2014-та година.

Една од причините за укинување на спортската верзија на најмалиот модел на „Renault“ би можела да биде таа дека наследникот на акутелниот модел наместо погон на предните тркала има на задните. Очигледно шефовите на „Renault“ сметаат дека така моќен и лесен автомобил како што е „Twingo RS“ со заден погон би претставувал преголем залак и опасност за младите и неискусни возачи кои се целна група за овој градски модел.

Конечната одлука се уште не е донесена, а доколку од „Renault“ сепак одлучат на купувачите да им ја понудат и следната генерација на  „Twingo RS“, овој модел наместо атмосферски под хаубата би можел да има 0.9 литарски трицилиндарски мотор кој би ги задоволил идните регулативи на ЕУ за штетните гасови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП