20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелниците на Ферари приредија неверојатно изненадување за својата ѕвезда

Челниците на Ферари приредија неверојатно изненадување за својата ѕвезда

Од денес првиот возач на тимот на Ферари, Чарлс Леклерк е сопственик на нов болид, оној со кој ги оствари своите единствени две победи на трките на Светскиот шампионат во Формула 1 во 2019 година.

„Нешто посебно стигна дома“, напиша Чарлс Леклерк (23) на својот Инстаграм профил, со фотографии од болидот SF90 на Ферари, со кој се прослави во 2019 година на трките за Големата награда на Белгија и Големата награда на Италија во Монца, последните две Победи во Ферари.

Имено, Ферари му го достави автомобилот на неговата домашна адреса и му рече: ‘Се надеваме дека ќе уживаш’.

Леклер пристигна во Ферари во 2019 година и во својата втора сезона во Формула 1 му се придружи на четирикратниот светски шампион Германецот Себастијан Фетел. Но, Леклерк се покажа поуспешен во првата сезона од Фетел, кој на крајот од минатата сезона објави дека го напушта Ферари. Него го замени младиот шпанец, Карлос Саинц јуниор, син на поранешниот двократен светски шампион во рели.

Но, Ферари се бори, пред нив е уште една сезона што не ветува успех, па челниците на тимот барем малку вака ја развеселија својата везда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП