24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкспертите сметаат дека ова е клучен чекор кон борбата против пандемијата

Експертите сметаат дека ова е клучен чекор кон борбата против пандемијата

Модерна и Џонсон&Џонсон исто така спроведуваат испитувања на нивните вакцини против оваа болест кај деца на возраст од 12 до 18 години, а податоците од клиничките испитувања на Модерна ќе бидат објавени наскоро.

Американската фармацевтска компанија Pfizer и нејзиниот германски партнер BioNTech во петокот побараа од регулаторната агенција на САД одобрување за итна употреба на нивната вакцина covid-19 и за адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

Оваа вакцина во моментов има одобрение за итна употреба во САД кај луѓе од 16 години и постари. Компаниите во петокот објавија дека побарале продолжување на одобрувањето од американската Администрација за храна и лекови на помлада популација.

Уште во март, тие компании објавија дека клиничките испитувања покажаа дека нивната вакцина е безбедна, ефикасна и произведува силни антитела кај адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

Не е познато колку време регулаторот ќе треба да ги прегледува податоците од клиничките испитувања, но директорката на Центарот за контрола на болести на САД, Рошел Валенски, за ABC News во четвртокот изјави дека очекува вакцината за таа возрасна група да биде одобрена до средината на мај.

Модерна и Џонсон&Џонсон исто така спроведуваат испитувања на своите вакцини против оваа болест кај деца на возраст од 12 до 18 години, а податоците од клиничките испитувања на Модерна ќе бидат објавени наскоро.

Pfizer и Moderna веќе започнаа испитувања на уште помлади деца, на возраст од 6 месеци до 11 години. Двете компании изјавија дека се надеваат дека ќе можат да вакцинираат деца на возраст под 11 години на почетокот на 2022 година.

Вакцинацијата на деца и млади според многу експерти е клучен чекор кон постигнување на колективен имунитет и борба против пандемијата.

Pfizer и BioNtech исто така најавија планови да побараат одобрување од други регулатори низ целиот свет во наредните денови за користење на нивната вакцина за адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП