Доколку се усвојат новите закони, луѓето во Јапонија ќе се пензионираат дури на 70-годишна возраст, а Владата вели дека тие се способни да работат и подолго.
Јапонската влада има намера да му предложи на парламентот закони за зголемување на возраста за пензија за државните службеници, објави премиерот Јошихиде Суга.
„Треба да се зголеми возраста за пензионирање за да се исполнат сè покомплексните административни задачи“, рече тој. „Ние се подготвуваме за брзо воведување на релевантни закони.
Стареењето и намалувањето на населението е еден од најважните социјални проблеми во Јапонија. Според официјалните податоци на здравствените власти, јапонските мажи се способни да работат во просек до 71 година, а јапонските жени до 74 години. Владата ги смета постарите Јапонци како витална работна сила.
Генерално, пензиите во Јапонија се исплаќаат по навршена 65-та година од животот, но граѓаните имаат право да работат подолго, но имаат право на пензија во секое време на возраст од 60 до 70 години. Пензиите на оние кои ќе го направат тоа пред 65-тата година се нешто пониски, а оние кои продолжуваат да работат по 65-та година имаат право на бонус.
Сега се разгледува зголемување на возраста за пензија за пет години, со зголемување на соодветни придобивки.
Во Јапонија, над 8 милиони постари лица се уште се вработени. Бројот на луѓе постари од 65 години кои остануваат на работа од година во година се зголемува.