27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТаа е најбогатата жена на светот

Таа е најбогатата жена на светот

Најбогата жена на светот е сопственичката на Лореал, Франсоаз Бетенкур Маерс, со 73,6 милијарди долари. Таа беше на 12-то место на листата на најбогати Форбс.

Франсоаз ја наследи работата од нејзината мајка Лилијан Бетенкур, која ја држеше титулата најбогата жена на светот до 2017 година, кога почина на 94-годишна возраст.

Семејниот холдинг „Thetys“, со кој претседава Франсоаз, е мнозински акционер на Лореал.

Франсоаз, 68, е ќерка на францускиот политичар Андреа Бетенкур, со кој нејзината мајка Лилијан се омажи во 1950 година.

Франсоаз го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, така што се знае само дека е во брак со Жан-Пјер Маерс од 1984 година и дека е многу религиозна. Таа има два сина, Жан и Николас.

Несогласувања со мајката

Таа честопати имала несогласувања со нејзината мајка, кои ескалирале поради францускиот уметник Франсоаз-Мариер Бание. Тој и Лилијан се зближија, а потоа богаташката му подари подароци вредни дури 1,3 милијарди долари.

Меѓу тие подароци беа и премиите на нејзините две животни осигурувања, 11 уметнички дела, вклучувајќи слики од Пикасо, Матис, Мондријан, Делејни и Легер, фотографија од надреалистот Ман Реј и пари.

Потоа, Франсоаз го тужеше Бание, обвинувајќи го дека ја искористил менталната и физичката слабост на нејзината мајка за да го стекне нејзиното богатство. Случајот заврши на суд, но сè беше паузирано кога Лилијан одби да се подложи на психијатриско испитување.

Во меѓувреме, протекоа видеа од батлерот на Лилијан, Паскал Бонефој. Тој се плашеше дека Лилијан страда од Алцхајмерова болест и дека некои ќе ја користат за тоа. Тој ги предал снимките на полицијата и на нив се слушаше дека Лилијан го именуваше Бание за свој единствен наследник.

Единственото нешто што не би го наследил се акциите на Лореал, кои претходно биле пренесени на нејзината ќерка и на двајцата внуци.

Потоа дојде нов пресврт. Мајката и ќерката се смирија, сите тужби беа повлечени, Баниер стана минато и тој беше избришан од тестаментот. Помирувањето не траеше долго, бидејќи следното лето, Лилијан и Франсоаз повторно се скараа откако мајката изјави дека на нејзината ќерка и треба психијатриска помош.

Од 2014 година, поради нарушеното здравје на Лилијан, контролата над компанијата и беше доверена на нејзината ќерка на суд, додека за здравјето на Лилијан се грижеше нејзиниот внук Жан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП