28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавено е колку случаи на тромбоза се пријавени во Германија досега по...

Објавено е колку случаи на тромбоза се пријавени во Германија досега по вакцинирањето со АстраЗенека

Институтот Пол Ерлих (ПЕИ) објави дека досега се регистрирани во Германија 42 случаи на ретки крвни згрутчувања по вакцинирањето со вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека.

До 2 април, во Германија биле пријавени дури 42 случаи на многу ретка церебрална венска тромбоза, а во 23 случаи била откриена тромбоцитопенија односно намалување на бројот на тромбоцити во крвта.

Најпогодени се жените на возраст од 20 до 63 години, со исклучок на седум случаи. Сепак, според институтот Роберт Кох (РКИ) за контрола на болести, повеќе жени примиле вакцина на АстраЗенека. Тромбоза е забележана кај мажи на возраст од 24 до 58 години.

Од осумте мртви, петмина биле жени, а тројца мажи, наведува ПЕИ, институтот одговорен за безбедноста на вакцините во градот Ланген близу Франкфурт.

Повеќе случаи отколку што се очекуваше биле забележани кај жени на возраст од 20 до 59 години. Германија во моментов им ја дава вакцината на луѓе постари од 60 години.

По вакцинирањето со Фајзер и Бионтек, забележани се седум случаи на тромбоза на венски синус, кај три жени на возраст од 34 до 81 година и четири мажи на возраст од 81 до 86 години. Не се пријавени случаи на тромбоцитопенија.

Кога ќе се земе во предвид бројот на администрирани дози на вакцини, нема повеќе пријавени случаи на тромбоза во споредба со бројот на случаи кои обично се очекуваат.

„Сепак, лекарите и другите здравствени работници треба да бидат внимателни кога ќе видат знаци и симптоми на тромбоемболија и тромбоцитопенија“, порачаа од Институтот.

Вакцинираните лица треба веднаш да побараат лекарска помош кога ќе доживеат симптоми како што се отежнато дишење, болка во градите, оток на нозете или постојана болка во стомакот.

Истото важи и за невролошките симптоми, како што се силни или постојани главоболки, заматен вид или точкасти крварења. Нема достапни податоци за каков било ризик поврзан со втората доза на вакцината.

До 2 април во Германија се дадени вкупно околу 14,38 милиони дози на вакцини.

Институтот е информиран за 407 смртни случаи „во различни интервали по вакцинирањето“, кај луѓе на возраст од 24 до 102 години. Интервалот варирал помеѓу еден час и 40 дена.

Во огромното мнозинство на случаи, пациентите имале една или повеќе претходни болести кои веројатно биле и причината за смрт. За некои случаи, биле побарани дополнителни информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП