2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрофесии кои не прават среќни, но и несреќни

Професии кои не прават среќни, но и несреќни

sreknirab1

Британско истражување покажало дека самовработените се најзадоволната работничка група. Дознајте кои професии имаат висок ризик за заболување од депресија.

Веќе по завршувањето на основното училиште, од нас се очекува да го одредиме текот на својата кариера, прво со упис во средно училиште, а потоа со донесување на одлуката – дали ќе почнеме да работиме или ќе студираме. Но, школувањето трае долго, а нашите желби и планови во текот на тој период се менуваат неколку пати.

Затоа, не е необично ако некогаш се запрашаме: Дали ја работиме работата која не прави среќни или дали ќе бидеме среќни ако работиме нешто друго?

Британскиот портал „City and Guilds“ спроведе истражување на оваа тема, додека „Everyday Health“ направи попис на професии кои можат лесно да не направат депресивни.

 

Среќни професии

Ова истражување е спроведено на 2.200 Британци. Целта била да се дознае кои се клучните елементи кои придонесуваат за задоволство од работата.

Резултатите покажале дека се среќни 65 проценти од луѓето чии професии се базираат на вештината и стручноста – фризери, градинари, водоводџии – додека среќно се чувствуваат 58 проценти од нив кои имаат академско образование, кои работат канцелариски работи. Така, најсреќни професии се:

1.Самовработени – дури 85 проценти од самовработените се задоволни, иако заработуваат помалку од оние што имаат шефови.

2.Цвеќари и градинари – 87 проценти од цвеќарите и градинарите се среќни со својата работа бидејќи сметаат дека работат нешто корисно и вредно. Нивното задоволство во најголем процент (во однос на останатите професии) произлегува од следниве факти:

*Работат предизвикувачка работа и стимулирани се

*Можат секој ден да ги користат своите вештини

*Работат во добра работна околина

*Имаат добар баланс помеѓу приватниот и деловниот живот

*Се чувствуваат признати и ценети

*Имаат флексибилни работни услови (на пр. работа од дома)

3.Фризери и козметичари – 79 проценти од нив се задоволни.

4.Водоводџии – 76 проценти од водоводџиите се задоволни со својата професија.

5.Маркетинг и односи со јавност – со висок процент на задоволство (75%), оваа „канцелариска професија“, сепак не се најде на врвот на скалата на најсреќните.

 

Несреќни професии

Најмалку задоволни со својата работа се:

1.Банкари– 35 проценти од нив не се чувствуваат како да работат нешто корисно, велат дека нивната работа не им претставува предизвик ниту ги стимулира, и сметаат дека неможат да ги употребуваат своите вештини секој ден.

2.ИТ експерти

3.Работници во човечки ресурси

4.Угостители

*Со својата финансиска награда најнезадоволни се правниците, 50 проценти од нив, а најголемото задоволство во таа категорија го изразуваат 63 проценти од научниците и истражувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП