Наутро ќе биде студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната од 12 до 19 степени, информира УХМР.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 17 степени.

