29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали изложеноста на сонце е причина за разликата во бројот на смртни...

Дали изложеноста на сонце е причина за разликата во бројот на смртни случаи од Ковид-19?

Податоците од земјите погодени од коронавирусот, како што се Велика Британија, Италија и САД, сугерираат дека во сончевите делови на тие земји „се забележани помалку смртни случаи од последиите на Ковид-19“, велат истражувачите од Универзитетот во Единбург.

Резултатите од студијата, објавени во британскиот журнал за дерматолози, сугерираат дека поголема изложеност на ултравиолетово зрачење може да биде поврзана со помала смртност од ефектите на Ковид-19.

Тим британски научници го споредија бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Соединетите Држави помеѓу јануари и април 2020 година со нивото на ултравиолетово зрачење во скоро 2.500 американски окрузи, а потоа ја применија истата шема во Велика Британија и Италија.

Во некои делови од трите земји, најголемиот број смртни случаи поврзани со пандемијата на коронавирусот се регистрирани на глобално ниво – и по глава на жител и во апсолутна смисла, но исто така беше забележано дека бројот на смртни случаи значително опаднал во текот на летните месеци.

За споредба, повеќето земји во Азија и Африка забележале релативно ниска смртност по глава на жител во текот на пандемискиот период.

Еден од коавторите на студијата, Крис Дибен, рече: Врската помеѓу смртноста од Ковид-19, сезоната и географската ширина беше доста очигледна, и во нашата студија се обидовме да понудиме алтернативно објаснување за овој феномен.

Истражувачите рекоа дека го зеле предвид потенцијалното влијание на витаминот Д врз овој феномен за време на студијата. Овој витамин често се нарекува инхибитор на Ковид-19 и е наречен и „сончев витамин“ затоа што човечкото тело го произведува повеќе кога кожата е изложена на сончева светлина.

Изложувањето на сонце може да го намали бројот на смртни случаи од болеста Ковид-19 независно од витаминот Д, изјавија британските научници.

Некои понови откритија придонесуваат за важноста на теоријата дека времето поминато на отворено ја намалува веројатноста за инфекција со коронавирус.

Ирските здравствени власти во понеделникот објавија податоци дека само 0,1 процент од сите случаи на коронавирус во земјата можат да бидат поврзани со активности на отворено, иако голем број во моментов се забранети поради сегашното трето затворање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП