29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва се апликациите кои најмногу се користат

Ова се апликациите кои најмногу се користат

apli1

„Global Web Index“ ги идентификуваше 10-те апликации кои ги користат 969.4 милиони сопственици на паметни телефони. Листата е направена врз основа на процентот на користење според кој луѓето ги користеле овие сервиси во изминатиот месец.

„Google Maps“ се наоѓа на првото место, а во изминатиот месец ја користеле 54 проценти од глобалната смартфон популација. „Apple Maps“ е скоро невидлива, а додека „Ovi Maps“ на „Nokiа“ ја користи 9 проценти од корисниците и таа се наоѓа на 11-то место.

На второ место се најде мобилната апликација на „Facebook“ која ја користи 44 проценти од сопствениците на паметни телефони се со цел да бидат во контакт со своите пријатели, семејство и брендовите.

„Facebook“ исто така има уште две апликации во десетте најкористени, а и два сервиси на „Google“ исто така се наоѓаат на оваа листа, „YouTube“ на третото место (35 проценти) и „G+“ која е на четвртото место со 30 проценти.

Петата позиција и припадна на „Weixin/WeChat“. Овој кинески сервис активно го користат 27 проценти од глобалната смартфон популација што е навистина импресивен резултат со оглед дека практично се користи само во Кина, Хонг Конг и Малезија.

apli2

Шестото место го зазема „Twitter“ со 22 проценти од активните корисници, а многу блиску се и „Skype“ и „Facebook Messenger“ кои имаат ист број на корисници.

Сервисот за праќање на пораки „WhatsApp“ засега услужува 17 проценти од корисниците на паметни телефони и се наоѓа на деветото место.

Оваа листа се комплетира со апликацијата „Instagram“ која активно ја користат 11 проценти од сопствениците на паметните телефони.

Иако многумина очекуваа на оваа листа да ја видат и апликацијата „Vine“, но овој сервис во изминатиот месец ја користеа само 2 проценти, а пред неа се наоѓаат „Foursquare“, „Shazam“, „Flickr“ и „Yelp“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП