28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуски научник: „Спутник В“ e послаба против јужноафриканскиот вид, но делува подобро...

Руски научник: „Спутник В“ e послаба против јужноафриканскиот вид, но делува подобро од другите вакцини

Руската вакцина „спутник В“ е помалку ефикасна за јужноафриканската варијанта на Ковид-19, но тој пад е помал отколку кај другите вакцини, изјави водечкиoт научник од институтот што го разви овој производ.

„Кога станува збор за јужноафриканската варијанта, ефикасноста на антителата произведени од ‘спутник в’ се намалува, каков што е случајот со сите други вакцини“, изјави Александар Гинтсбург за новинската агенција „Интерфакс“.

„Спутник В“ била тестирана во лаборатории во САД за британската и јужноафриканската варијанта на вирусот, како и за оригиналниот вид што првпат беше откриен во кинеската провинција Вухан, посочи Гинтсбург во ова интервју.

Тој објаснил дека лабораториите користеле примероци на крв од луѓе заразени со ковид во Аргентина.

Нагласил и дека во тие тестотви не учествувале руски научници.

„Иако одговорот на антителата кон јужноафриканската варијанта на вирусот е послаб, тој пад е значително помал од падот што е забележан кај другите вакцини“, вели Гинтсбург.

Тој додава и дека резултатите од студијата за „спутник в“ во однос на оригиналниот вид од Вухан ги потврдиле наодите направени од научниците од неговиот тим во московскиот институт „Гамалеја“.

„Исто така, докажано е дека од сите вакцини што моментно се користат во светот, ‘спутник В’… најдобро ја неутрализира варијантата што ја нарекуваме британска“, вели Гинтсбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП