19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLinkedIn го реши проблемот со исцрпеноста на работа

LinkedIn го реши проблемот со исцрпеноста на работа

LinkedIn им даде на вработените со полно работно време една недела одмор за да се спречи исцрпеност на работа.

Заклучно со 5 април, дури 15.900 вработени со полно работно време во најголемата деловна социјална мрежа се на краток одмор.

Компанијата во сопственост на „Мајкрософт“ објави дека се решиле на овој необичен потег, за нивните вработени да имаат време само за себе и да ги наполнат батериите.

„Има нешто волшебно во фактот дека вработените во целата компанија се на одмор во исто време. А, најдоброто од се е што нема да имаат еден куп неотворени меилови што ги чекаат кога ќе се вратат“, изјавија од LinkedIn.

Во случај вработените да се чувствуваат изолирани и осамени за време на „рестартираната недела“, LinkedIn има одговор и за тоа. Компанијата ќе им обезбеди на вработените можност да учествуваат во секојдневни активности како што се волонтирање преку „случајни дела на љубезност“.

Од LinkedIn изјавија дека основниот тим на вработени ќе продолжи да работи во текот на оваа недела, но ќе може да ги искористи своите слободни денови подоцна.

Покрај тоа, компанијата чии вработени моментално работат од дома, не планира да се врати во канцелариите до септември. Планот е работата од дома да стане стандардна практика во LinkedIn, така што вработените во иднина ќе имаат можност да работат флексибилно до 50% од времето.

Повеќето технолошки компании беа во првите редови при усвојувањето работа од дома минатата година, при пандемијата од коронавирусот. Многумина, допрва треба целосно да ги отворат своите канцеларии.

Твитер, на пример, ја продолжи далечинската работа на неодредено време. Мајкрософт, кој исто така е сопственик на LinkedIn, исто така го одложи повторното отворање на канцелариите до 7 септември. Технолошкиот гигант го купи LinkedIn за 26,2 милијарди долари во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП