22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Белград им помага на угостителите

Како Белград им помага на угостителите

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, погодени беа доста сектори со неможност да работат, но угостителите се некако најпогодени од сите.

Во соседството во Градот Белград направиле одредени потези со кои на некој начин им помагаат на угостителите, што реално би можело да послужи како пример и кај нас.

„Со цел Градот Белград да им помогне на вработените во угостителската индустрија кои не можеа да работат во текот на претходниот месец, поради влошената епидемиолошка состојба, побарав од Секретаријатот за сопственост на градот Белград да утврди одлука со која сите правни лица ангажирани во угостителски активности и работат во деловни простории кои се во сопственост на градот, се ослободени од закуп на деловен простор за мај 2021 година“, изјави заменик градоначалникот Горан Весиќ.

Тој додаде дека Градскиот совет ќе ја донесе оваа одлука на седницата што ќе се одржи на 12 април, а потоа и Градското собрание на седницата што ќе се одржи до крајот на овој месец.

„Во деловните простории во сопственост на Град Белград има 481 правно лице кое се занимава со угостителство на површина од 41.999 квадратни метри. Месечната фактура што компаниите што се занимаваат со угостителство ја плаќаат на градот Белград изнесува нешто повеќе од 45.788.000 динари. Тоа значи дека Град Белград се откажал од овој приход и индиректно им помага на компаниите што се занимаваат со угостителство со скоро 46 милиони динари“, рече Весиќ.

Тој потсети дека Владата на Србија веќе обезбеди пакет помош за компаниите што се занимаваат со угостителство. „Верувам дека оваа одлука на Град Белград ќе им помогне на овие компании полесно да ја преживеат тешката состојба во која се најдоа поради неможноста за работа и дека ќе зачуваат работни места, што е целта на градот Белград”. На претходната седница на Градското собрание беше донесена одлука Градот Белград да ги ослободи ноќните клубови од плаќање кирија од 1 април 2021 година до 1 април 2022 година, бидејќи тие не работеа една година поради епидемиолошките мерки“, додаде Весиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП