24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија ги отвора трговските центри на 12 април, а училиштата од 19...

Србија ги отвора трговските центри на 12 април, а училиштата од 19 април

На денешната седница на српскиот Кризниот штаб е донесена одлука за отворање на трговските центри, но и за враќање на учениците во училиштата.

Од понеделник, 12 април, трговските центри ќе се отворат и ќе работат до 22 часот. Угостителските делови во трговските центри сè уште нема да бидат отворени.

Кога станува збор за учениците, тие треба да се вратат на училиште од 19 април. Oдлуката е условена со уште една проверка на епидемиолошката состојба, така што, ако паѓаат бројките, децата ќе се вратат во училиштата според моделот од 1 септември.

Тоа практично значи настава во училници, но и комбинирана настава, како што тоа го правеа средношколците.

На денешната седница се дискутираше и за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти. Според планот, тие треба да бидат отворени на 19 април, сепак, таа одлука не беше донесена денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП