Една третина од сите крстарења во светот во моментов се случуваат во Сингапур.
Ова го објави локалното Министерство за туризам, цитирано од „CNBC“.
Главната причина за бумот во секторот се таканаречените „крстарења до никаде“, кои станаа популарни за време на пандемијата со Ковид-19.
Тие се нарекуваат така затоа што почетните и крајните точки на патувањето се исти, бидејќи не минуваат низ различни пристаништа и патниците не слегуваат од бродот.
Во Сингапур, бројот на нови случаи на Ковид-19 е минимален од летото минатата година.
Крстарења се достапни за локалното население од 5,7 милиони луѓе кои во моментов не се во можност да патуваат во други земји. Многу од нив се фокусираат на алтернативни форми на туризам и локални дестинации.
Од рестартирањето на крстарењата во земјата во 2020-та година, им се придружија повеќе од 120.000 патници.
Сепак, министерката за туризам во Сингапур, Кејт Тан, не очекува лидерската позиција на земјата да трае долго, бидејќи веројатно ќе видиме враќање на крстарењата на Карибите и Медитеранот во следните неколку месеци.
Некои од крстарењата на Карибите се очекува да продолжат во јуни годинава, а во други земји тоа не се очекува да се случи наскоро, вклучително и САД.
Според Меѓународната асоцијација за крстарење, во моментов има компании кои работат во делови на Европа, Азија и Пацификот.
Во Сингапур, туристичкиот сектор е сериозно погоден од пандемијата. Странските посетители во земјата се намалени за 86% на 2,7 милиони во последната година.