3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите и социјалните бенефиции во Шпанија пониски за 10 проценти

Платите и социјалните бенефиции во Шпанија пониски за 10 проценти

shpanija1

ММФ предложува платите и социјалните бенефиции во Шпаниjа да бидат намалени за десет проценти, оценувајќи дека тоа ќе ја намали невработеноста и ќе доведе до отворање на нови работни места.

ММФ ги повика шпанските синдикати и работодавци да работат заедно за да пронајдат решение за тешката економска ситуација.

Во својот извештај, ММФ им порачува на властите во Мадрид да продолжат со реформите со цел компаниите да имаат „поголема внатрешна флексибилност“, а економистите напоменуваат дека тоа всушност е повик до Владата на Шпанија на компаниите да им го олесни процесот за отпуштање на работници.

ММФ смета дека шпанските власти би требало да ги намалат даноците за оние компании кои вработуваат специфични групи, како што се младите лица.

Експертите на ММФ направија анализа на ситуацијата во Шпанија доколку во текот на две години платите и социјалните бенефиции би биле намалени за десет проценти.

Резултатите покажуваат, наведуваат од ММФ, дека овие мерки би имале позитивно влијание на економскиот раст.

Од ММФ тврдат дека би можело да дојде само до „ограничени социјални немири“, но дека економскиот контекст би можел да ја намали популарноста на партиите на власт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП