3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Остануваме на истиот пат

Грција: Остануваме на истиот пат

grcija7

Грчката влада го отфрли сценариото за финансирање на буџетскиот дефицит со ново отпишување на долговите наредната година.

Владата повтори дека планот договорен со еврогрупата во ноември се уште е на сила.

„Не постои план Б, се е договорено со еврогрупата“, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас во интервјуто за медиумите.

„Она што сега се обидуваме е наредната година да оствариме примарен суфицит, да ги извршиме структурните реформи и да се вратиме на позитивниот економски раст. Доколку го постигнеме тоа, остатокот од нашите проблеми ќе биде решен“, наведе министерот, додавајќи дека грчките финансиски потреби се покриени до август 2014 година и дека Грција не е загрижена од исходот на германските избори кои ќе бидат одржани наредниот месец.

„Понатамошното штедење не е решение за проблемот. Ние работиме на тоа да го комбинираме континуираното фискално прилагодување со враќање на патот на растот“, додаде тој.

Стурнарас вели дека финансиските пазари позитивно реагираат на фактот дека Грција го намали структурниот дефицит за 13 проценти од 2009 година, на 1,5 проценти минатата година.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека буџетските приходи во јули изнесувале 4,76 милијарди евра, 14,3 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП