26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе помалку пари за лекување на Шумахер – продаваат имот кај Женевско...

Се помалку пари за лекување на Шумахер – продаваат имот кај Женевско езеро

Легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер подалеку од очите на јавноста се опоравува од страшната несреќа што го снајде при скијање во 2013 година, а како тече рехабилитацијата знаат само докторите и неговото семејство.

Германските медиуми денеска излегоа со информација дека поради високата цена на лекувањето на Михаел, неговата сопруга Корина одлучила да го продаде луксузниот имот на кој планирале со Ф1 шампионот да живеат по неговото пензионирање.

Во близина на познатото Женевско езеро (Швајцарија) се наоѓа нивниот „дворец од бајките“ кој го купиле додека Михаел ја чекал петтата своја титула.

Информациите се дека по несреќата на Шумахер неговата сопруга речиси и да не доаѓа на ранчот кој се простира на над 20.000 квадрати, а него повремено го користат само членовите на обезбедувањето на семејството Шумахер.

Имотот се продава за 5,87 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП