26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнолошки милијардер и најголем земјопоседник

Технолошки милијардер и најголем земјопоседник

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, поседува најмногу земјоделско земјиште во САД.

Неодамна достигна неверојатна бројка од скоро 100.000 хектари обработливо земјиште во дури 18 федерални држави, а пресметано во квадратни километри, тоа е околу илјада квадратни километри.

Со неодамнешната најнова аквизиција, таа бројка го направи новиот најголем приватен сопственик на земјоделско земјиште во Америка.

Најголемите површини со земја му се во Луизијана, а потоа следуваат Арканзас и Небраска. Земјиштето е во негова сопственост или во сопственост на компании поврзани со Мајкрософт.

На многумина им изгледа невообичаено дека човекот кој стои зад една од најголемите технолошки компании во светот е и најголемиот замјопоседник.

Сепак, уште во 2008 година, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека ќе дадат повеќе од 300 милиони долари за промоција на малите земјоделци во Африка и Азија, пред се оние кои се занимаваат со одржливо земјоделство и со високи приноси.

Нивната добротворна инвестициска компанија инвестираше и во развој и проширување на „супероси“ отпорни на климатски промени и во млечни крави кои произведуваат големи количини млеко.

Сè уште не е познато дали тој ќе ја искористи целата земја што ја купил, или за што ќе ја користи. Многумина се надеваат дека ќе се користи за одржливо и еколошко производство и слични цели.

Бил Гејтс е можеби најголемиот земјопоседник на обработливо земјиште, но тој е далеку од број еден кога станува генерално збор за сопственост на земјиште.

Тука е на врвот Џон Мелоун, извршен директор на Либерти Медиа, акционер во големите медиумски корпорации, кој поседува околу 900.000 хектари ранчови и шуми.

На трето место е Тед Тарнер, основач на Си-Ен-Ен, со приближно 800.000 хектари земја со ранчови во осум држави. Па дури и извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, инвестира во земја. Тој поседува 170.000 хектари земја, претежно во Западен Тексас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП