20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКороната го скрати животниот век во ЕУ

Короната го скрати животниот век во ЕУ

Пандемијата со „ковид-19“ го прекина долгогодишниот раст на очекуваниот животен век, кој во повеќето земји-членки на ЕУ е пократок отколку во претходната година, според податоците за 2020 година, објави европската агенција за статистика Евростат.

Најголемо намалување на очекуваното траење на животот, во споредба со 2019 година, е забележано во Шпанија, 1,6 години помалку, Бугарија 1,5 години помалку и Литванија, Полска и Романија 1,4 години помалку.

Во Словенија просечниот животен век е скратен за една година, а во Хрватска за 0,8 години.

Од 30 земји опфатени со статистиката (сите членки на ЕУ, освен Ирска, плус Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн), само Норвешка, Данска и Финска се очекува да имаат подолг животен век од 0,3, односно 0,1 години.

Според податоците за 2020 година, во повеќето земји-членки на ЕУ, мажите се малку повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век од жените. Најголемо намалување на очекуваниот животен век кај мажите е забележано во Бугарија (-1.7 години), Латвија и Полска (-1.5 години) и Шпанија и Романија (-1.4 години).

Во ЕУ, очекуваниот животен век постојано се зголемува во последните децении. Според официјалните статистички податоци, тој растел во просек за повеќе од две години во декадата до 60-тите години на минатиот век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП