27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве како изгледа редизајнираниот „CLS“ (ФОТО/ВИДЕО)

Еве како изгледа редизајнираниот „CLS“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes“ објави фотографии и технички детали од редизајнираниот модел „CLS“.

Кога станува збор за козметички интервенции, автомобилот, меѓу другото, доби нова решетка на ладилникот и преден браник со поагресивен изглед.

Клиентите можат да избираат помеѓу неколку варијанти на нови стилови на алуминиумски тркала, а воведени се и комплетно нови нијанси на бојата на каросеријата – „spectral blue metallic“ (прикажана на фотографиите), „jupiter red“, „cashmere white magno“ и „emerald green“.

Промените во внатрешноста се нешто повеќе дискретни и вклучуваат нов мултифункционален волан, а има и голем избор на квалитетни материјали, како што се „nappa“ кожа и детали од украсно дрво.

Со пакетот „Driving Assistance“ (достапен како опција), возачите се поддржани од системите „Аctive Distance Assist DISTRONIC“ и „Active Steering Assist“. Во овој случај, воланот користи специфичен принцип за откривање на рацете на возачот.

Имено, во управувачот има двозонска база на сензори. Сензорите на предниот и задниот дел на воланот регистрираат дали рацете на возачот се на воланот, па затоа сега не е потребно да се сврти воланот за да им се дадат на системите за помош при возење информации дека возачот има контрола над автомобилот.

Ова подобрување ја поедноставува употребата при возење во полуавтоматски режим.

Моторизацијата се состои од три опции за бензин и три дизели верзии.

„Најслабиот“ бензински мотор е „CLS 350“ со 2,0-литарски 4-цилиндричен мотор од 299 ks (220 kW) и 400 Nm.

Следува „CLS 450 4MATIC“ придвижуван од 6-цилиндричен 3,0-литарски мотор кој испорачува 367 ks (270 kW) и 500 Nm, додека на врвот на гамата е „CLS 53 4MATIC +“, кој исто така има и 6- цилиндарски 3.0-литарски мотор под хаубата, но со 435 коњски сили (320 kW) и 520 Nm.

Оваа верзија на „Mercedes CLS“ е поврзана со 9-степен автоматски менувач, благодарение на што автомобилот забрзува од 0-100 km/h за само 4,5 секунди.

Дизелите започнуваат со верзијата „CLS 220d“, која има 1,9-литарски четири цилиндарски агрегат со 194 ks (143 kW) и 400 Nm.

Еден чекор повисок е „CLS 300d 4MATIC“ со 2.0-литарски мотор од 265 ks (195 kW) и 550 Nm, а најмоќната дизел варијанта е со ознака „CLS 400d 4MATIC“ и е опремена со 6-цилиндричен 3.0-литарски мотор со 330 ks ( 243 kW) и 700 Nm.

Датумот на почеток на продажбата и цената на освежениот „Mercedes CLS“ ќе бидат објавени подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП