25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата предизвикува невиден дефицит во Германија

Пандемијата предизвикува невиден дефицит во Германија

Дефицитот на јавниот сектор во Германија достигна 189,2 милијарди евра во 2020-та година поради пандемијата на коронавирусот, прв дефицит од 2013-та година и најголем по обединувањето на Германија пред три децении.

Пандемијата, која досега однесе повеќе од 77.000 животи во Германија, иако ја уништи најголемата европска економија, се покажа поотпорна отколку што многумина очекуваа, делумно поради континуираната силна побарувачка од Кина.

Јавната потрошувачка се зголеми за 12,1% на 1,7 трилиони евра во 2020-та година, бидејќи владата се обиде да стори сé што е можно за да се компензира негативното влијание на повеќемесечните блокади. Во исто време, даночните приходи паднаа за 3,5% на 1,5 трилиони евра, соопшти заводот за статистика.

Периодот на екстремно трошење мора да продолжи, а германскиот министер за финансии Олаф Шолц минатиот месец вети дека ќе стори се што е можно за да се извлече Германија од економскиот пад предизвикан од коронавирусот.

Државата се обидува да се справи со третиот бран на вирусот, со голем дел од своите деловни активности, вклучително и барови, кина, театри и други, да останат затворени барем до крајот на овој месец.

Сепак, минатиот месец падна бројот на луѓе со намалено работно време, поддржан од индустрискиот сектор, кој има корист од силниот извоз, соопшти во средата институтот „Ifo“.

Компаниите можат да го скратат работното време, поддржано од владината шема дизајнирана да избегне масовни отпуштања за време на кризата, што им дава бенефиции на компаниите за да ги задржат вработените на работа.

Во март, 2,7 милиони вработени биле со скратено работно време, наспроти 2,9 милиони еден месец порано, проценува „Ifo“.

Бројот на луѓе кои ги задржаа своите работни места според оваа шема достигна околу 6 милиони пред една година, но постојано се зголемува откако Германија влезе во втора блокада кон крајот на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП