24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмнести Интернешнл ги осуди богатите земји за складирање на вакцини

Амнести Интернешнл ги осуди богатите земји за складирање на вакцини

Побогатите земји паѓаат на „основниот“ тест за глобална солидарност со акумулирање вакцини против Ковид-19, соопшти во средата Амнести Интернешнл (АИ).

Организацијата, исто така, ја обвини Кина и другите земји дека ја користат пандемијата за да ги намалат човековите права на населението.

Во годишниот извештај на меѓународната организација за човекови права се наведува дека здравствената криза ги разоткрила „неуспешните“ политики и дека соработката е единствениот начин за напредок.

„Пандемијата ја расветли неможноста на светот да соработува ефикасно и рамноправно“, рече Агнес Каламар, која минатиот месец ја презеде функцијата генерален секретар на Амнести Интернешнл.

„Најбогатите земји постигнаа скоро монопол над светското снабдување со вакцини, оставајќи ги земјите со најмалку ресурси да се соочат со најлошите последици по здравјето и човековите права“, додаде таа.

Во извештајот, за нашата држава се вели дека и покрај спроведувањето на реформите идентификувани од Европската комисија (ЕК), останува загриженоста за неказнивост, говор на омраза, дискриминација на жените, ромите и ЛГБТИ заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП