29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако најбрзо да го продадете автомобилот?

Како најбрзо да го продадете автомобилот?

Доколку итно ви се потребни пари или купувате нов автомобил и сакате да се ослободите од вашиот стар автомобил, еве неколку добри совети кои можат да ја забрзаат продажбата на истиот.

Прво нешто што мора да го направите е добро да го измиете, избришете и да го поминете со правосмукалка автомобилот, бидејќи ако дојде потенцијален купувач да го погледне автомобилот и тој е валкан, може да помисли дека неговиот сопственик е несовесен кон него и дека автомобилот не е добро зачуван. Добро е доколку сте во можност дури и да го исполирате, и да ги исчистите гумите за автомобилот за да блесне кога клиентот ќе го погледне.

Посветете внимание на деталите, доколку патосниците на автомобилот се истрошени и многу стари, заменете ги со нови, исчистете го пепелникот, исчистете ги прозорците од внатре и темелно исчистете ги сите места во автомобилот на кои претходно не сте обрнувале многу внимание.

Поправете ги ситните оштетувања на автомобилот на пр. Светло кое не работи, скршен фар, испукан браник или слично. Тоа сè не би требало да чини премногу, а може да ја зголеми цената на автомобилот. Доколку моторот не е во одлична состојба, потребно е да го замените моторното масло и некои други ситници, како што се филтерот за масло и филтерот за воздух, ако не сте ги смениле подолго време. Потоа, избришете го моторот колку што можете повеќе, но не го мијте целосно затоа што клиентот може да помисли дека се обидувате да скриете нешто.

Определете фер и реална цена за вашиот користен автомобил врз основа на претходните истражувања од огласи на интернет. Погледнете колку се движат цените за модели како вашиот и проценете колку е добар вашиот автомобил. Откако ќе ја одредите цената, треба да напишете добра реклама.

Огласот мора да биде краток и разбирлив, со сите потребни информации. Бидете сигурни да напишете за кој модел станува збор, староста, техничките карактеристики на моторот и да ги наведете додатоците и бојата на автомобилот. Исто така, наведете ја километражата што ја имате по и до кога важи регистрацијата на возилото. Ако редовно сте го сервисирале, забележете и дека имате сервисна книшка. Вклучете слика од автомобилот во вашиот оглас, бидејќи на тој начин продажбата ќе биде поефикасна.

Поднесете ја вашата реклама на што повеќе сајтови за огласи за автомобили, или во весници, бидејќи тоа ги зголемува шансите за продажба. Откако ќе го доставите вашиот оглас, подгответе ја целата потребна документација за да можете брзо да ја финализирате продажбата кога ќе го пронајдете купувачот.

Кога потенцијален клиент ве контактира, понудете му тест возење доколку приметите дека е сериозен. Пофалете го автомобилот умерено, бидете искрени. Ако има некои недостатоци, подобро е веднаш да му ги кажете на купувачот, отколку да имате дополнителни проблеми подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП