12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректор на авиокомпанија е против прескапите PCR тестови

Директор на авиокомпанија е против прескапите PCR тестови

Директорот на британската нискобуџетна авиокомпанија „EasyJet“, Јохан Лундгрен, ја критикуваше високата цена на PCR тестовите за коронавирус, како што предвиде британската влада во можноста да се започне со функционирање на воздушниот сообраќај.

Лундгрен за Би-Би-Си оцени дека условот патниците што се враќаат од земјите со низок ризик да мораат да имаат два теста ќе го отвори сообраќајот само за луѓе кои можат да си го дозволат тоа.

Тој изјави дека потребните PCR тестови (повеќе од 100 фунти по тест или 116 евра) се многу поскапи од просечната цена на билетот за Изиџет.

„Ако патниците се принудени да плаќаат за тие тестови“, тогаш ние не отвораме меѓународно патување за секого, туку само за луѓе кои можат да си го дозволат тоа“, истакна директорот на таа нискобуџетна компанија.

„Не мислам дека е фер… и мислам дека неопходен тој метод од медицинска и научна гледна точка“, рече тој, залагајќи се за антигени тестови кои се поевтини и подостапни.

Британската влада објави дека 17 мај е најраниот можен датум за продолжување на меѓународните патувања.

Лундгрен смета дека патувањето во земји со низок ризик по здравјето не треба да биде комплицирано и скапо.

Реагирајќи на таа изјава, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека директорот на Изиџет е во право што ја покренал оваа тема.

„Ќе видиме што можеме да сториме за да ги направиме работите пофлексибилни и поевтини“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП