Универзитетот во Оксфорд престана да им дава на децата и тинејџерите вакцина развиена со АстраЗенека како дел од студијата, очекувајки повеќе информации за случаите со згрутчување на крвта пријавени по вакцинирањето, објави Волстрит журнал во вторникот
ЕМА истражува 44 извештаи за исклучително ретки случаи на згрутчување во мозокот, познат како тромбоза на церебрален венски синус (CVST) и се очекува да ги објави своите наоди во среда или четврток.

