24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТие се единствените без коронавирус во Европа: Нема позитивни случаи, кафулињата и...

Тие се единствените без коронавирус во Европа: Нема позитивни случаи, кафулињата и рестораните се отворени, скоро сите се вакцинирани

Вакцинацијата во Гибралтар, со вакцина од Велика Британија, не беше голем логистички предизвик.

Во Гибралтар, забраните за излегување се укинати, баровите и рестораните се отворени до два часот по полноќ, како и пред пандемијата. Сосема спротивно од остатокот од Европа каде што мерките се засилуваат поради зголемениот број на инфекции.

Гибралтар со 34.000 жители го достигна врвот на пандемијата на почетокот на јануари со 172 нови инфекции на ден. Во малата британска прекуокеанска област, смртта на 94 лица е поврзана со вирусот, пишува DW.

Во последните денови, одделот за Ковид во локалната болница Сент Бернард беше празен. Нема позитивни. Ова може да се припише не само на претходните груби мерки, туку и на скоро целосната вакцинација. Освен жителите, вакцинирани се и повеќето десетици илјади луѓе кои живеат во Шпанија, но работат во Гибралтар и патуваат секој ден. Во Андалузија, соседен шпански регион, состојбата со корона и вакцинација не е воопшто розова.

Вакцинацијата во Гибралтар, со вакцина доставена од Велика Британија, не беше голем логистички предизвик – целата земја зафаќа површина од 6,5 квадратни километри. Скоро сите се вакцинираа брзо, а само три проценти од луѓето одбиваат вакцинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП