19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве што не треба да правите откако ќе се вакцинирате против ковид-19

Еве што не треба да правите откако ќе се вакцинирате против ковид-19

Вакцината против ковид-19 е главната алатка со која се прави обид да го контролира ширењето на пандемијата на коронавирусот, но по вакцинирањето со некоја од вакцините, одредени работи не треба да ги правите. Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) имаат наведено во своите упатства што не треба да правите веднаш по вакцинирањето против ковид-19.

Не земајте лекови без рецепт пред вакцинацијата

Не треба да земате лекови без рецепт, вклучувајќи ибупрофен, ацетаминофен и аспирин, пред да ја примите вакцината, советува CDC, но по вакцинацијата можете да ги земате истите. Лековите без рецепт, како што е ибупрофен, се антиинфламаторни лекови кои можат да го ослабнат одговорот на вашето тело на вакцината.

„Не земајте лекови без рецепт пред вакцинацијата, бидејќи тоа може да пречи во можноста на вакцината да ви даде најсилен одговор“, рече микробиологот Дебора Фулер. Таа додаде дека по вакцинирањето, можете да ги земате овие лекови за да ублажите одредени несакани ефекти, како што пренесува N1.

Не грижете се за конзумирање алкохол

Томас Русо, раководител на Одделот за инфективни болести на Универзитетот Бафало во Њујорк, рече дека досега не забележал јасна причина зошто не треба да пиете чаша вино или пиво по вакцинирањето. Меѓутоа, ако имате какви било несакани ефекти по вакцинирањето, како што е треска, алкохолот нема да ви помогне, затоа не треба да го консумирате.

Не се тетовирајте веднаш по вакцинирањето

Кожата е вашата прва бариера против патогените микроорганизми, а исто така предизвикува и имунолошки одговор. Тетоважа или пирсинг веднаш по вакцинирањето може да предизвикаат имунолошка реакција, што не би било пожелно во комбинација со имунолошки одговор по вакцинирањето, забележа Фулер.

Експертите сè уште не се целосно сигурни како тетоважата или пирсингот може да влијае на имунолошкиот одговор по вакцинирањето, но како мерка на претпазливост, тие ве советуваат да ги избегнувате овие активности веднаш по вакцинирањето.

Не примајте други вакцини истовремено

CDC не препорачува да се вакцинирате со какви било други вакцини истовремено со приемот на вакцината против ковид-19.

„Серијата на вакцини против ковид-19 треба да се применат сами со интервал од 14 дена помеѓу двете дози“, се наведува во упатствата на CDC. Исто така, се наведува дека во овој период, луѓето не треба да примаат други вакцини од безбедносни причини.

Не престанувајте да ги земате неопходните стероиди

Ако веќе земате стероидни лекови поради хронична состојба, немојте одеднаш да престанете да ги земате. Русо наведува дека постои причина зошто ви препишуваат такви лекови и дека не треба да престанете да ги земате без да се консултирате со вашиот лекар.

Не вежбајте премногу

„Вежбањето не треба да претставува проблем, вежбањето може да придонесе за подобар имунолошки одговор“, истакна Фулер. Но, немојте премногу да се исцрпувате вежбајќи.

„Слушајте го вашето тело. Ако се чувствувате добро – вежбајте. Но, ако се чувствувате лошо по вакцинирањето, одморете се“, изјави Русо за Хаф Пост.

Експертите исто така забележуваат да не заборавате да внесувате доволно течности по вакцинирањето. Хидратацијата е исклучително важна за вашиот имунолошки одговор, затоа внимавајте на внесот на течности после вакцинацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП