28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрик со кој трговците ве мамат да купите поскап производ: Откако ќе...

Трик со кој трговците ве мамат да купите поскап производ: Откако ќе го препознаете, ќе го гледате насекаде

Продавниците користат цела низа трикови за да ве натераат да потрошите повеќе пари.

Од сензационални акции „платете две, третото го добивате бесплатно“, (иако можеби навистина не ви треба ниту еден производ), до музика, осветлување и позиционирање на рафтовите, продавниците користат цела низа трикови за да потрошите повеќе.

Психологот Џули Смит ни откри трик на нејзиниот Тикток што прави прескапите производи да ви изгледаат многу подостапни.

Како пример, таа понуди сладоледи – едниот чини 3 фунти, другиот чини осум фунти. Сладоледот од осум фунти се чини прескап, а со оглед на разликата од пет фунти, секој ќе го посака поевтиниот.

Со цел (премногу) скапиот сладолед да изгледа поприфатлив, трговците ставаат мамка – сладолед од седум фунти.

„Тие навистина не сакаат да го купите тој еден од седум фунти, но тоа е само мамка за да направите поскапиот сладолед да делува како добра можност. Без мамката, споредувате сладоледи од три и осум фунти, но со мамката – ќе си речете, па зошто да не го земам овој од осум фунти, тој е само една фунта поскап“, рече таа.

Таа исто така објасни дека психолошкиот ефект на кадрирање го користат сите продавници, ресторани па и технолошки гиганти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП