19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota“ претстави ново спортско купе (ФОТО/ВИДЕО)

„Toyota“ претстави ново спортско купе (ФОТО/ВИДЕО)

„Toyota“ го претстави новиот „GR 86“ скоро пет месеци откако „Subaru“ го стори истото со своето купе со погон на задните тркала – „BRZ“. Од претходните генерации на моделот беа продадени над 200.000 примероци, така што јапонскиот производител не го менува рецептот по кој е создаден.

За да ја држат тежината под контрола, инженерите на „Toyota“ користеа алуминиум за покривот и браниците, а исто така ги олеснија предните седишта и асупусите. Намалувањето на тежината на покривот помага и во намалувањето на тежиштето на купето, што треба да донесе бенефити во однос на управувањето.

Отпорноста на каросеријата е подобрена за 50%, што исто така ја подобрува стабилноста на патот. Должината на новиот „GR 86“ е 4.265 mm, ширината е 1.775 mm, висината е 1.310 mm, а растојанието помеѓу двете оски е 2.575 mm. Тежината на автомобилот е само 1.270 килограми.

Погонот е обезбеден од поголем 2,4-литарски мотор, кој го заменува сегашниот 2,0-литарски. Неговата моќност е 232 ks, достапна при 7.000 вртежи во минута и 250 Nm вртежен момент при 3.700 вртежи во минута. Ова овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 6,3 секунди, што е за 1,1 секунда побрзо од претходната генерација на моделот. Моторот е комбиниран со 6-степен мануелен менувач или со автоматски со ист број на брзини.

Компанијата тврди дека „моторот има подобра реакција и обезбедува мазни, без стрес сензации од ниски до високи вртежи“. Направени се аеродинамички промени во автомобилот. Суспензијата е променета – предната е „McPherson“, а задната е двојна.

Внатрешноста на новото спортско купе на „Toyota“ е идентична со моделот „BRZ“, со разлики во амблемите на тапацирот и воланот. Инструмент таблата има 7-инчен дисплеј, а екранот на инфо-забавниот систем е 8-инчен. Безбедносните системи на двата модели се идентични, при што „GR 86“ добива комплет системи за помош на возачот на „Subaru EyeSight“.

Продажбата на новата „Toyota GR 86“ ќе започне во Јапонија наесен, а дури тогаш ќе станат јасни деталите за моделните верзии за САД и Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП